Објава

ЗАГЛУШУВАЧКИ МОЛК

Најчести коментари и пораки што ми стигаат се од типот : “Нешто мора да се преземе “, “ Вака повеќе не оди “, “ Потребна е радикализција “.......

Еден мал дел се од оние навистина загрижени сожители кои чувствуваат немоќ и безнадежност. Убедливо поголемиот дел се коментатори од фотеља, најчесто уплашени и името да си го напишат ама јаки со мислата :“ Вие ништо не правите само зборувате “.

За нив имам порака, а за безнадежните мисла водилка која гласи дека во Македонија а и пошироко во светот недостасува духот на честа. Секој поединец во земјава кој чувствува дека она што се случува било во светот, околината или околу нашава мизерна Влада е погрешно треба да се повика на духот на честа и да си го рече следното:

“ Јас ќе го направам она што е чесно“

“ Јас ќе кажам чесна мисла “

“ Јас ќе им ги поставам незгодните прашања на одговорните околу тоа што е чесно да се направи “

Мора секој поединец да му се спротивстави на нечесното со рака ако може, со јазик ако не може со рака, а ако не може ни така тогаш да го проколне во срцето. Тоа е начинот на кој секој поединечно мора да му се противи на злото околу нас, во сво име и во име на духот на честа.

За жал, гласни се нечесните а чесните молчат.

Боли овој заглушувачки молк.

 

#Lucy from Virginia

# Bible